Lajme

admin
Вести

Презентација на Инструментот за претпристапна помош

Од admin на петок, 22 јуни 2012 12:10

Владата ќе даде стипендии за најреномираните универзитети

Од admin на понеделник, 11 јуни 2012 14:25
Премиерот Никола Груевски денеска рече дека проектот за најавените стипендии за студирање на реномираните светски универзитети добива една добра димензија и оти веќе 15-тина студенти се пријавиле во МОН за ваква стипендија.

Груевски, на денешната промоција на 14 нови наслови од областа на медицинската наука на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, истакна дека со проектот за стипендирање на студенти од Владата му се дава можност на секој граѓанин на Македонија што ќе биде примен на еден од стоте највисоки рангирани универзитети во светот или во областа на техничките науки во 200 највисоко рангирани според Шангај листата да биде корисник на оваа стипендија.

Груевски рече дека во тек се проверките за тие 15-тина студенти и додаде дека доколку работите излезат онака како што се пријавени, наскоро ќе ги објават нивните имиња.

- Тоа ќе бидат студенти на кои државата ќе им ги покрие сите трошоци, стипендијата за студирање,...

Можностите за инвестирање во Македонија претставени пред норевешки бизнисмени во Осло

Од admin на понеделник, 11 јуни 2012 00:48
Владиниот економски тим предводен од премиерот Никола Груевски, денеска (петок, 8 јуни 2012 година) во Осло присуствуваше на бизнис форум во ко-организација со Стопанската комора на Осло, на кој беа претставени економските и инвестициските потенцијали на Република Македонија пред околу педесетина норвешки компании. 

Премиерот Никола Груевски на почетокот од форумот изрази задоволство од неговото одржување, чија цел е да се продлабочи економската соработка меѓу Кралството Норвешка и Република Македонија.

- Да се видат одблизу успесите на земјата со највисокиот индекс на човековиот развој во светот, односно најдобрата комбинација на животен стандард, образование и очекуван животен век, потоа, второ рангираната земја на светот според бруто домашниот производ по жител и една од десетте најдобро рангирани земји од аспект на водењето бизнис во 2012 година, навистина предизвикува нескриена восхит и огромна почит за трудољубивоста...

Архива