ЦЕНТАР ЗА ОБУКА
СЕКРЕТАРИЈАТ ЗА ЕВРОПСКИ ПРАШАЊА
Центарот за обука на Секретаријатот за европски прашања е составен дел на Секретаријатот за европски прашања (СЕП), односно е Одделение во рамки на Секторот за координцаија на европски фондови и друга странска помош.
Центарот за обука на СЕП е под покровителство наЗаменикот Претседател на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања.
Центарот за обука на СЕП придонесува кон
- јакнењето на административните капацитети во процесот наприближување и идно приклучување кон ЕУ
- подобрување на разбирањето на Европската унија, нејзинитеполитики, законска рамка, функцинирање, како и нејзините инструметни
- подобро разбирање на Инструментот за претпристапна помош(ИПА) и негово поефикасно користење
- кон континуирано учење и образование за оформување наинформирана, компетентна но и компетитивна администрација, како и за напредокна кариерата на професионалците
- кон процесот на доживотно учење (LLL), создавајќи нови врски меѓу обуката и кариерата.
Центарот за обука на СЕП обезбедува:
· Обука за ЕУ;
· Обука за финасиските инструменти на ЕУ, особено зауправувањето и искористувањето на ИПА на основно, средно и напредно ниво;
· Обука за неопходни вештини за процесот на придружувањекон ЕУ
· Посебно дизајнирани обуки по доставени барања
· Консултантски услуги и истражувања
· Публикации
Центарот за обука подготвува и спроведува анализа за потребите од обука, планови за обука и управува со база на податоци за утврдени потреби, планирани и спроведни обуки во однос на процесот напридружување кон ЕУ.
Центарот за обука на СЕП активно учествува во процесот на европска интеграција преку:
· Подобрување на вештините и компетенциите на администрацијатана централно и локално ниво за ЕУ и ИПА
· Преку подобрување на разбирањето и вештините на крајнитекорисници на ИПА.
· Преку активна соработка со соодветните министерства иинституции, обезбедувајќи координација и комплементарност
· Преку активна соработка со академските институции,невладиниот и бизнис секторот во земјата
· Преку соработка и партнерство со билатерални имултилатерални донатори
· Преку учество и соработка со релеватни и поврзаниинституции, партнери и мрежи во странство.
· Подготовка и спроведување на анализа за потребите одобука
Центарот за обука на СЕП располага со
· Постојано вработен кадар обучен, задолжен и надлежен заорганизација на обука,
· Група ЕУ обучувачи – државни службеници,
· Група ИПА обучувачи – државни службеници кои се дел однационалната ИПА структура,
· Контакти и мрежи со национални и меѓународни институции.
Групите обучувачи на Центарот за обука се оформени прекуспроведени проекти финансирани од ЕУ и од билатерални донатори. Обучувачите сепрофесионалци и експерти во наведената област со искуство во материјата и вопренесување на знаењето.
Центарот за обука на СЕП организира,планира и испорачува обука за:
· државни и јавни службеници
· органи и тела на централно, регионално и локално ниво
· невладиниот сектор, економските оператери, социјалнитепартнери
и соработува во врска со испорака на обука и односни активности со:
· други тела на јавната администрација кои работата наобука,
· проекти,
· меѓународни донатори, институции и партнери од соседнитеземји и пошироко
Центарот за обука на СЕП е сместен во објект на бул. Климент Охридски бр. 9во Скопје, во непосредна близина до зградата на Владата.
Центарот за обука на СЕП поседува:
· простории за обука
· простории за состаноци
· компјутерска лабораторија
· збирка на материјали за и во врска со обуките
· библиотека